
По повод 2 Август – Илинден, Државниот архив објави избор на историски фотографии и документи од своите фондови и збирки.
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден
Материјалите сведочат за борбата на илинденците, нивните идеали за слобода и сопствена држава, како и за жртвите што ги поднеле за остварување на тие цели.
123 години од почетокот на Илинденското востание
На 2 август 1903 година започна Илинденското востание, еден од најзначајните настани во македонската историја.
Македонските револуционери, водени од стремежот за слобода и државност, ја започнаа борбата што остави траен белег во колективната меморија на македонскиот народ.
Крушевската Република како симбол на слободата
Од Државниот архив потсетуваат дека Крушевската Република останува најсилниот симбол на стремежот кон слобода, еднаквост и праведно општество.
„На денешен ден 1903 година започна Илинденското востание, еден од најзначајните настани во македонската историја. Водени од идеалите за слобода и сопствена држава, македонските револуционери ја започнаа борбата која остави траен белег во колективната меморија на нашиот народ“, наведуваат од институцијата.
„Крушевската Република остана најсилен симбол на стремежот кон слобода, еднаквост и праведно општество. Нека е честит Илинден! Вечна слава на хероите на Илинденското востание!“, порачаа од Државниот архив.

-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Пиво
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден








