
Трпе се вработил во голема, приватна агенција за недвижности. Платата не била лоша, но од време на време морало многу да се работи.
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Едно утро Трпе дошол на време на работа, а по половина час во фирмата дошла инспекција и почнала да ги проверува сите документи.
По чешлањето на документацијата, доаѓа инспекторот кај Трпе и почнува да го испрашува:
– Кажете ми колку луѓе работат во оваа фирма, но добро размислете, за лажење можете кривично да одговарате!
Трпе размислил и одговорил:
– Со шефот, десет….
Инспекторот, сакајќи да го збуни, го препрашал:
– А без шефот?
Трпе како од топ:
– Без шефот, ниеден!


