во ,

Како да одгледате дете кое не се откажува, дури и кога ќе добие лоша оценка

Тие што рекле дека Томас Едисон паднал 1.000 пати пред да ја измисли сијалицата, згрешиле.

Како што самиот кажал, тој ниту еднаш не паднал, туку тоа бил пат од 1.000 чекори. Дали е тоа храброст или волја, мислењата се различни. Но, не се работи за успехот, туку за процесот. Треба да се биде способен да се остане отпорен. И тоа се учи од мали нозе.

За сите храбри борци

Како да го научите детето да биде истрајно, особено на почетокот на учебната година?

1. Направете визија или план

Дефинирањето на целта е суштински дел од овој процес. Вашето дете не може да работи на нешто ако нема посакуван исход кон кој би тежнеело. На пример, како да го научите да „ја загрее столицата“ ако не ја гледа користа од тоа?

Научете го детето дека ако добие лоша оценка на училиште, тоа не значи дека не е паметно, туку дека само му попуштила концентрацијата и дека не треба да се плаши од следниот тест.

2. Нека има самодоверба за преземање ризици

Откако ќе ја воспоставите визијата, време е да го охрабрите преку дискусии и однесување. Најчестиот фактор кај децата кои развиваат отпорност е барем еден стабилен и посветен однос со родител кој ги поддржува. Зборувајте му на детето за нешто што сте го правеле па сте морале и да ризикувате, поставете си цел и дозволете му на детето да види како работите на тоа. Отворено кажете му дека може да се соочи со сè што ќе му се најде на патот.

Охрабрете го да ризикува и нека види што ќе се случи. Нека секое позитивно или негативно искуство го сфати како можност за учење.

3. Отпорност да се продолжи понатаму

Поентата не е вашето дете да излезе како победник во сè што ќе се обиде. На пример, не е крај на светот ако на час по физичко не погоди ниту еден кош. Нека детето научи да губи. Овозможете му да падне пред да стигне до целта.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Денешниот хороскоп носи љубомора за овенот и интензивни моменти за близнаците

„Да, добро прочитавте, крокодил“: најчудниот фејсбук апел на англиската полиција