во ,

Како двајца монаси со ист сон го изградиле манастирот што „лебди“ над црната планина

Во срцето на недопрената природа на Националниот парк Алтиндере, меѓу стрмните карпи на Понтските Алпи во регионот на Трабзон, се наоѓа едно од најимпресивните свети места во Турција – манастирот Сумела.

Овој монументален комплекс, сместен на висина од околу 1200 метри, со векови привлекува аџии и туристи, но пред сè, инспирира почит кон традицијата и обичаите од минатото. Многумина се восхитуваат на неговиот мистичен изглед, а локацијата само придонесува за неверојатната слика. Велат дека овој манастир е „ниту на небо, ниту на земја“, а некои велат дека изгледа и како да „лебди и ѝ пркоси на гравитацијата“ над врвовите на боровите, кај сивите остри карпи и меѓу облаците магла.

Викенд Намаление

Легендата која го прати ова неверојатно место

Според легендата, двајца грчки монаси, еден од Цариград, друг од Атина, истовремено ја сонувале иконата на Богородица која им порачала да ѝ изградат дом на планината над Трабзон. Водени од овој сон, тие пронашле пештера во која се наоѓала чудотворната икона, за која се верува дека ја насликал самиот апостол Лука. Тука останале до крајот на животот, а подоцна на тоа место бил изграден манастирот Сумела.

Името „Сумела“ доаѓа од грчкиот збор „мелас орос“, што значи „црна планина“. Низ вековите, манастирот бил важен духовен и културен центар на православието во регионот.

Архитектура прилагодена на карпата

Она што ја прави Сумела единствена е начинот на кој комплексот е вклопен во карпата. Главната црква е сместена во пештера, додека околу неа се распоредени објекти како капели, монашки ќелии, библиотека, кујни и аквадукт. Фреските кои ги осликуваат ѕидовите прикажуваат сцени од животот на Христос и Богородица. За жал, многу фрески се оштетени – особено очите на светците, кои верниците ги гребеле со надеж дека ќе им донесат оздравување.

Историско значење и обнова

Манастирот бил напуштен во почетокот на 20 век, а во 2015 година бил затворен поради опасност од одрони. По пет години темелна обнова, тој повторно е отворен за посетители. Најпосетен ден е 15 август, празникот Успение на Пресвета Богородица, кога се служи литургија и се собираат православни верници од целиот свет.

Повеќе од само манастир

До Сумела се стигнува со организиран превоз, а последните 500 метри се пешачи по стрмна шумска патека. Манастирот Сумела е дел од привремената листа на светско наследство на УНЕСКО и е незаобиколна дестинација во Турција. Тој не е само верски објект, туку и потсетник за моќта на верата и човечката способност да се гради на речиси невозможни места.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Како преживеав, само бог знае“: Xорор исповед на жената фрлена во бунар

„Не лижете жаби!“: Бизарниот лсд-тренд од Америка пристигна во Европа