во ,

Како мозокот создава сеќавања? поважно е како е кажано, отколку што е кажано

Кога луѓето се присетуваат на настани од приказна која е детално опишана со лични интерпретации или емоции, тоа активира поинакви мемориски механизми отколку кога се присетуваат на истата приказна која ги нагласувала надворешните, поконкретни детали.

Дали начинот на кој едно лице слуша за некој настан го обликува неговото подоцнежно сеќавање за него?

За сите храбри борци

Сигни Шелдон и неговите колеги од Универзитетот Мекгил истражувале дали различните стратегии на раскажување влијаат врз тоа како мозокот го складира тоа искуство како сеќавање и како подоцна го повикува, соопшти „Society for Neuroscience“.

Истражувачите создале наративи со исти основни настани, но со различни детали. Овие елаборации имале два различни фокуса:

  • Концептуални детали, кои ги опишуваат чувствата и интерпретациите на личноста во текот на доживувањето на основните настани, и
  • Перцептивни детали, како што се конкретните набљудувања на личноста за основните настани (што видела, слушнала итн.).

Невро-снимките откриле дека кога 35-те учесници во студијата подоцна се присетувале на приказните, биле вклучени различни мемориски системи во мозокот. Значајно е тоа што различните концептуални и перцептивни мозочни мрежи кои биле активни за време на слушањето на овие различни типови приказни, можеле да предвидат колку добро учесниците подоцна ќе се сетат на основните елементи на приказната.

Студијата објавена во „Journal of Neuroscience“ сугерира дека начинот на кој луѓето ја слушаат приказната за некој настан, го обликува и начинот на кој нивниот мозок создава сеќавање за тоа искуство.

„Многу работа во оваа област покажува дека поединците и групите претпочитаат различни мемориски системи. На пример, постарите возрасни имаат тенденција повеќе да го ангажираат концептуалниот мемориски систем, отколку помладите лица, кои претпочитаат да го ангажираат перцептивниот мемориски систем. Ова би значело дека постарите возрасни можеби подобро ги обработуваат настаните опишани со концептуални детали. Ако е така, тоа би можело да ни помогне да ги прилагодиме информациите за различни возрасни групи за да го подобриме помнењето“, рече Шелдон.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дали треба да ја колонизираме вселената? четири од пет научници велат „не“

Откритие што ја менува психијатријата, теоријата за шизофренија конечно е докажана