
Стигнаа 120 нови ‘Пежо 408’: МВР ја започна најавената обнова на возниот парк
Министерството за внатрешни работи ја започна долгонајавуваната модернизација на полицискиот возен парк. Денеска во Македонија пристигна првата тура од вкупно 120 нови патролни автомобили „Пежо 408“, кои беа забележани од репортерите на 24 Инфо. Набавката е вредна 3,9 милиони евра и претставува прва фаза од поголем план за обнова на застарените возила на полицијата.
Оваа набавка доаѓа откако министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, уште во септември алармираше за лошата состојба на возилата што ги користи полицијата. Тој тогаш изјави дека возниот парк е во „многу лоша и незавидна состојба“ и дека МВР мора итно да инвестира во побезбедна и поефикасна флота за службениците.
Тошковски најави уште 3-4 пати повеќе возила
Според министерот Тошковски, оваа набавка од 120 автомобили е само почеток. Тој најави дека во следните месеци планот е да се набават „три до четири пати повеќе“ возила од оваа прва тура, со што ќе се изврши темелна замена на старите и дотраени автомобили.
Новите „Пежо 408“ се современи, веќе обележани и технички опремени патролни возила. Тие ќе бидат распределени во униформираниот состав на полицијата низ целата држава. Од МВР очекуваат дека новата флотила директно ќе придонесе за подобра покриеност на теренот, ќе овозможи побрза интервенција на повиците и, најважно од сè, ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните, но и на самите полициски службеници.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден






