
Полицијата истражува 45-годишен маж кој во околината на Загреб зграпчил 67-годишна жена и ја фрлил во бунар.
Нејзе ја спасиле соседите. Жената била во болница и има модринки по телото. „Тешко ми е да бидам дома и да го гледам тој бунар“, вели несреќната жена.
„Влезе во мојот двор, нешто зборуваше. Тој инаку тешко зборува и не обрнував внимание. Нешто работев, бев свртена со грб. Човекот се залета, ме зграпчи и ме фрли во бунарот. Среќа што мојот сосед наиде и ме спаси“, изјавила 67-годишната жена која во средата, на 22 октомври, била фрлена во бунар во Лонвица кај Врбовец.
Среќа во несреќа било и тоа што во бунарот имало малку вода, што го ублажило падот.
Повеќе од само напад – фрлал ѓубре и ќерамиди врз неа
Откако ја фрлил, напаѓачот почнал да фрла ѓубре од нејзината канта врз неа, па дури и ќерамиди кои ги нашол во дворот.
„Бев внатре некаде половина час. Соседот наиде по нешто, бидејќи тоа е наш заеднички бунар. Кога ме виде внатре, за малку ќе доживееше инфаркт. Не можеше сам да ме извлече, му помогнаа уште двајца. Тие не го ни пријавија, ова е село, сите од некого се плашат“, продолжува жената, која самата го пријавила настанот во полиција.
Таа во четвртокот се вратила дома од болница, со модринки по целото тело. „Како преживеав, знае само Бог. Како што ме фрли, не паднав ни на нозе ни на глава, туку на страна“, опишува таа, додавајќи дека напаѓачот имал психички проблеми, но таа не знаела за тоа.
Полицијата го оквалификува делото како обид за убиство
За овој несекојдневен настан се огласи и загрепската полиција: „Според досега утврденото, во дворот 45-годишникот физички се пресметал со 67-годишната жена, по што ја фрлил во бунар длабок 6 метри… и ја оставил без да ѝ пружи помош сè до доаѓањето на соседот. Лекарска помош ѝ е пружена во КБ Дубрава, каде што е утврдено дека е полесно повредена. Осомничениот е уапсен“, соопштила полицијата, која настанот првично го оквалификувала како обид за убиство.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







