во ,

Како се вработуваат децата на менаџерите?

Некој менаџер пред пензија, инаку успешен и светски познат, еден ден смислил одличен план. Му се јавил на синот и му рекол:

– Сине, завршуваш факултет, ти остана уште дипломската… време е да те оженам и да ти најдам работа!

Реклама

Синот малку се противел на женидбата – Де бе тато, па само што завршив со учење! Работа, ајде во ред, нема проблем, ама жена?

– Ама чекај, му рекол стариот. Да ти покажам слика од девојката!

На сликата, девојка и голема јахта во позадина:

Синот му вика на тоа: „Тато, абе ајде во кое време живееш, па јас сакам да се оженам од љубов…не за јахта!“

– Ма чекај, не сум ти го кажал најважното…таа е ќерка на Бил Гејтс!

Синот се помислил 5 секунди, па со насмевка му рекол на татко му: Епа ако е така, може! Се согласувам!

Стариот го зел телефонот и му ѕвони на Бил: Знаеш Бил, имам син, убав е како кукла! И многу му се допаѓа твојата ќерка.

Бил му одговара: Види пријателе, јас те ценам многу, ама сега претера! Ќерка ми не го ни видела син ти, па не сме 18ти век!

Менаџерот на тоа: Полека, не ти го кажав најважното. Малиот сега дипломираше, а веќе е заменик претседател на Светска банка!

Стварно!? – му одговорил Бил, ако е така рачунај дека е договорено.

Менаџерот го зема телефонот и се јавува кај својот добар пријател, претседател на Светската банка…

– Пријателе, малиот син дипломираше и му треба работа, па си мислев да го вработиш да ти биде заменик…

– Хахахахаха, се изнасмеал претседателот. Знаеш дека сме пријатели, ама ти си откачил! Па на тоа место конкурираат најдобрите светски економисти! Не велам дека малиот е лош, ама тоа е преголем залак за него!

– Полека, му рекол менаџерот. Не ти го кажав најважното. Малиот е зет на Бил Гејтс.

Претседателот се замолчел па му рекол: Ако е така, нека дојде утре на работа.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како се дебелее плавуша?

Езеро старо 50.000 години целосно си ја смени својата боја и ги воодушеви и збуни научниците