во ,

Камерите го снимија моментот на ужасот, зградата во Турција се сруши за секунда

Шокантниот момент кога се сруши седумкатница во Турција, при што загинаа најмалку две лица, беше снимен со безбедносни камери.

Снимката прикажува панични минувачи како трчаат за да спасат живот додека зградата се распаѓа. На видеото прво се гледа како зградата малку се навалува од непозната причина, а потоа се урива за дел од секундата. Делови од зградата паднале врз автомобили паркирани во близина.

Викенд Намаление

Трагедија на едно семејство

Две лица загинаа, а тројца други беа повредени кога се сруши седумкатница во северозападниот турски град Гебзе. Службениците потврдија дека сите пет жртви се од исто семејство, објави „Еуроњуз“. Според државниот радиодифузер ТРТ, станува збор за 43-годишен маж, 37-годишна жена и нивните три деца.

Малиот Емир и неговата сестра Ниса (14) загинаа под урнатините, додека спасувачите, по осумчасовно пребарување, успеаја да ја извлечат нивната најстара сестра Дилара (18) жива од урнатините и да ја префрлат во болница во свесна состојба.

Се трага по родителите

Спасувачите сè уште ги бараат нивната мајка Емина (37) и таткото Левент (44), кои сè уште се заробени под урнатините и не се знае дали се живи. Стотици работници од Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) се на местото на несреќата во спасувачките операции.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Профитот на Амазон е огромен, а вештачката интелигенција отпушта 14.000 луѓе

Меланија Трамп ја украси Белата куќа во сенката на урнатиот источен конак