
Над 8.000 заразени и скоро 4.000 жртви
Според официјалните владини податоци објавени во понеделникот, бројот на потврдени случаи на ебола во ДР Конго за првпат ја надмина границата од 8.000 заболени. Најновиот извештај од надлежните институции за јавно здравје покажува вкупно 8.067 регистрирани случаи, при што дури 3.901 лице ја загубиле животната битка.
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден
Епидемијата е предизвикана од специфичниот сој Bundibugyo на вирусот ебола, што ја прави најопасната и најсмртоносна криза од овој тип со која се соочила земјата, надминувајќи ја дури и тешката епидемија од периодот 2018–2020 година.
Глобални размери и историски контекст
Според обемот и бројот на заболени, оваа здравствена криза во ДР Конго е втора по големина во историјата на глобално ниво.
На врвот на листата останува само катастрофалната епидемија во Западна Африка од периодот 2014–2016 година, кога во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне беа заразени повеќе од 28.600 луѓе, а над 11.000 починаа.
Локалните здравствени служби и меѓународните организации вложуваат максимални напори за сузбивање на ширењето на вирусот и стабилизирање на состојбата на терен.
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден







