
Инвертер наспроти обична греалка
За разлика од класичната електрична греалка која струјата директно ја претвора во топлина, инвертер климата во режим на греење работи како топлинска пумпа. Таа пренесува топлина од надворешниот воздух во просторијата, поради што за иста количина топлина троши значително помалку електрична енергија. Ефикасноста на овој процес се изразува преку коефициентот на учинок (COP) – колку е повисок, толку повеќе топлина добивате за потрошената струја.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден
Сепак, колкава ќе биде вистинската заштеда зависи од повеќе фактори: моделот на уредот, надворешната температура, изолацијата на станот и начинот на користење.
Најчестата грешка со далечинскиот управувач
Кога ќе влезете во ладна просторија, природно е на далечинското веднаш да ја зголемите температурата. Но, ако ја поставите климата на 26 степени, просторијата нема да се загрее побрзо. Зададената температура претставува цел која уредот се обидува да ја достигне, а не команда да дува пожежок воздух. Најдобро е да ја поставите температурата на 20 до 22 степени, па потоа да процените дали ви е доволно топло.
Редовно чистење и паметно греење
Доколку ја користите климата секојдневно, одржувањето на релативно стабилна температура во просторијата каде што најмногу престојувате може да биде попријатно и поекономично отколку да дозволите просторот целосно да се излади, па повторно да го загревате. Дополнително, внимавајте на изолацијата – проверете дали прозорците добро дихтуваат за да не ја губите топлината.
Ако климата работи, но просторијата останува ладна, прво проверете ги филтрите. Насобраната прашина го отежнува протокот на воздух и ја намалува ефикасноста на уредот. Редовното чистење е наједноставниот чекор за добро греење.


