Катар денес ќе биде домаќин на нова рунда индиректни преговори меѓу Израел и Хамас.
Целта е да се постигне договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа. Ова за Агенцијата Франс-Прес го изјави палестински извор кој е запознаен со преговорите. Делегација на Хамас, предводена од Халил ал-Хаја, веќе пристигнала во Доха.
Што содржи предлогот и кои се барањата на Хамас?
Израелската јавна телевизија објави дека и израелската делегација ќе замине за Доха попладнево. Овие преговори ќе се фокусираат на условите за можен договор. Особено во врска со ослободувањето на заложниците и палестинските затвореници.
Според палестински извори, предлогот што е доставен до Хамас вклучува 60-дневно примирје. За време на тоа примирје, Хамас би ослободил 10 живи заложници и тела на мртви затвореници. За возврат, Израел би ослободил Палестинци. Хамас бара и значителни испораки на хуманитарна помош. Исто така, и „гаранции за траен крај на војната“.
Нетанјаху пред пат за Вашингтон: Барањата на Хамас се неприфатливи
Хамас во петокот објави дека е подготвен веднаш да започне преговори. Тие го проследиле „својот одговор“ до катарските и египетските посредници. Сепак, канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера објави нешто друго.
Тие биле информирани за „промените што Хамас сака да ги направи во предлогот“. И дека ги сметаат за „неприфатливи“. Овие индиректни преговори треба да продолжат пред средбата меѓу Нетанјаху и Трамп. Канцеларијата на премиерот потврди дека тој денеска патува за Вашингтон.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден