Купувањето облека во Косово за Македонците повеќе не е новина, туку редовна пракса, која во последните две години добива сѐ поголема популарност.
Градовите како Приштина и Феризај станаа атрактивни шопинг дестинации за македонските граѓани кои бараат пониски цени и подобар квалитет.
Драстични разлики во цените и побогата понуда: Зошто се исплати патувањето?
Причините за овој тренд се јасни: разликите во цените се значителни, понудата е богата, а и географската близина на Косово овозможува еднодневни шопинг тури. Македонските граѓани, особено од северниот и западниот дел на земјата, веќе ја искористуваат оваа можност, па патувањето од Скопје до Приштина или Феризај трае помалку од два часа.
„На почетокот мислев дека не е нешто посебно, но веќе две години облека купувам исклучиво во Приштина. Истата блуза или патики кои во Скопје ги плаќам по 2.500 или 3.000 денари, во Приштина ги купувам по цена од околу 1.500 до 1.800 денари. Плус, често има поголеми попусти, што е дополнителна причина зошто сум редовна таму“, вели Теа Василевска од Куманово, која до Приштина оди секој втор месец.
Конкретни споредби: Патики, јакни и фармерки по двојно пониски цени
Споредбите во цените јасно ги илустрираат причините за зголемениот интерес на македонските граѓани кон Косово. На пример, еден пар патики од познат бренд кој во Македонија чини околу 5.500 денари, во Феризај може да се најде за околу 3.500 до 4.000 денари. Слична е ситуацијата и со јакните, кои од 6.000 денари во Скопје, во косовските продавници се продаваат по околу 4.000 денари.
Забележителна е и разликата во цените на фармерките. Квалитетен модел, кој во македонските трговски центри достигнува и до 3.000 денари, во Косово може да се набави за половина од оваа цена. „Не само цените, туку и понудата е далеку побогата од она што можеме да го најдеме во Македонија. Имаш продавници за сечиј вкус и џеб, а персоналот е многу љубезен и секогаш подготвен да помогне“, раскажува Роберто Стојановски од Скопје, кој во Феризај патува најмалку четири пати годишно.
Освен поволните цени и богатата понуда, од голема важност е и фактот што граѓаните од Македонија во Косово можат да платат и во евра, што дополнително ја олеснува трговската комуникација.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден