
Македонското високо образование и здравствениот систем се соочуваат со досега незапаметен меѓународен срам кој директно го загрозува животот на граѓаните. Професорот Дејан Трајковски јавно сподели шокантно сведоштво кое го соголи целосниот колапс во продукцијата на медицински кадри во земјава. Според неговите информации, властите во Словенија почнале масовно да ги враќаат назад „докторите“ кои дипломирале на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“. Причината за ова радикално бркање од работа е нивната крајна нестручност и тотално непознавање на медицинската пракса. Македонските медицински дипломи станаа предмет на потсмев и сериозна загриженост кај европските здравствени институции.
Официјален аларм од Љубљана до Скопје: Министерството за образование свесно го премолчело срамот
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Она што најмногу ја згрозува јавноста е фактот што словенечките власти официјално се обратиле до македонското Министерство за образование и наука. Тие упатиле писмено предупредување со кое побарале итно да се поведе сметка за очајниот неквалитет што го продуцира медицинскиот факултет во Штип. Но, наместо итна инспекција и ревизија, од македонска страна следел апсолутен молк и игнорирање на проблемот. Професорот Трајковски алармира дека овие лажни доктори, откако ќе бидат избркани од ЕУ, ќе се вратат во македонските болници. Тука тие без проблем ќе се вработат и ќе демонстрираат ароганција врз нашиот народ, иако првпат виделе жив пациент дури откако зеле диплома во рака. Образовниот бофл кадар веќе станува сериозна и летална закана по здравјето на нацијата.
Признание на анестезиолог од Љубљана: Директори во Кочани барале мито за вработување на лекари
Зад оваа шокантна објава стои видео-интервју на реномираниот специјалист анестезиолог, д-р Иван Костадинов од Кочани, објавено во емисијата „Клиника за сè“ кај новинарката Менче Точи. Д-р Костадинов, кој бил принуден да емигрира во Словенија поради корупција, непотизам и неможност да добие редовно вработување во Македонија, открива монструозни детали од системот. Тој отворено сведочи за тоа како директор на болницата во Кочани брутално барал и земал мито за вработување на млади лекари. Во исто време, додека врвните стручњаци ја напуштаат земјата, во системот влегуваат партиски кадри со штипски дипломи кои немаат ниту основно познавање од медицината. Здравствениот криминал во провинциите буквално го уништи достоинството на лекарската професија.
Итно затворање на штипска медицина: Кој ќе одговара за масовната здравствена гробница?
Пораката на стручната јавност по овој меѓународен скандал е повеќе од радикална – руглото од факултет во Штип мора итно да биде затворено со клуч на врата. Трајковски јавно прашува кој ќе сноси кривична и морална одговорност за оваа историска образовна и здравствена катастрофа. Прашањето е што ќе прави државата со стотиците нестручни лекари кои овој факултет веќе ги произвел и ги пуштил да оперираат и лекуваат граѓани. Доколку новата власт вистински сака да ги воведе европските стандарди, чистката мора да започне веднаш од високообразовните институции. Трговијата со медицински знаења ја доведе Македонија во ситуација да биде прогласена за опасна зона за лекување.


