
Куманово доби ‘ѕвер’ од 950.000 евра: Пожарникарите се подновија со 32-метарска скала од Австрија, а планот е градот да стане пилот-проект за реформи
Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) на Куманово доби клучно засилување во својот возен парк – современо противпожарно возило со корпа и хидраулична скала висока 32 метри. Вредната донација, која пристигна од австриската покраина Тирол, е од витално значење за град како Куманово, кој има голем број висококатници. Според командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски, ново возило од овој тип чини околу 950.000 евра, а ова, иако е старо 26 години, е во „извонредна состојба“.
Оваа донација не е само изолиран гест, туку дел од поголем стратешки план. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, откри дека целта е Куманово да стане пилот-проект за целосна реформа на противпожарниот систем во Македонија, по теркот на еден од најдобрите модели во светот – австрискиот.
Од 40-годишни ‘крнтии’ до австриски модел
Командирот Илиевски ја откри суровата реалност со која се соочуваат пожарникарите: „Нашиот возен парк е стар во просек 40 и нешто години“. Оваа донација е првиот чекор кон неопходната модернизација. Тројца кумановски пожарникари веќе поминале обука во Австрија и Хрватска за управување со возилото, а потоа ги обучиле и своите колеги, па така над 70% од единицата е веќе оспособена за работа.
Новиот систем што Куманово сака да го имплементира вклучува формирање на доброволни противпожарни друштва во руралните средини (Пчиња, Табановце и Орашац), кои ќе можат да дадат прв одговор при пожари. Координаторот на проектот од австриска страна, Петар Логар, најави дека доколку Куманово успее да формира доволно доброволци, ќе следи дополнителна доопрема и обука.
Лекција од Тирол: 23.000 волонтери и 0 евра плата
Колку е успешен австрискиот модел најдобро зборуваат бројките. Петар Логар објасни дека само во покраината Тирол, која има сличен број на жители како цела Македонија, има неверојатни 23.000 доброволни пожарникари-волонтери, наспроти околу 800 во Македонија. Овие волонтери, кои се обучуваат уште од училишна возраст, не добиваат плата, туку само обука и заштитна опрема.
„Волонтерите уживаат во пријателствата кои ги стекнуваат и задоволство им е што можат да сторат нешто добро за заедницата“, изјави Логар. Куманово сега се надева дека ќе успее да го преслика барем дел од овој ентузијазам и да изгради посигурен систем за заштита на граѓаните, почнувајќи од реновирање на гаражите, па сè до целосна реконструкција на противпожарниот дом.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден






