Еден Американец од предградие на Кливленд, Охајо, неодамна на Фејсбук споделил необично искуство, откако преку Амазон купил панталони.
Кога пратката стигнала на неговата адреса, изгледало дека сè е во ред – сè додека не ја ставил раката во џебот.
„Помислив дека во џебот има пакетче со гел што впива влага, а кога ја извадив раката, видов сметка“, открил тој во својата објава.
Необичен детаљ на сметката
Она што посебно го изненадило е детаљот од сметката – се испоставило дека е од пицеријата „Black Crust“, која се наоѓа на Исланд. Значи, во џебот од панталоните се нашла потврда за плаќање од локал оддалечен 4.500 километри од Кливленд, издадена на 20 септември.
Повеќе од само сметка – доказ за „кружење“ на робата
„Она што можам да го заклучам е дека некој друг ги купил панталоните, ги носел, отишол на ручек во пицерија, ја ставил сметката во џеб и потоа ги вратил на Амазон. Мене само повторно ми ги продале како нови“, се пошегувал Американецот.
Неговата објава предизвикала бројни коментари на мрежите, пренесува „Вечерњи“. Една личност напишала: „Отсекогаш сум сакал да го посетам Исланд, а сега имам и дополнителна причина – да одам во пицеријата ‘Black Crust’ и да видам за што всушност се работи“.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден