
Во малото место Колд Спринг, во американската држава Кентаки, еден страствен колекционер на воена опрема дошол до неверојатно откритие за време на една гаражна распродажба.
Зекари Кејман го посветил животот на зачувување предмети што сведочат за историјата на војните и човечката храброст, а сè започнало кога како 12-годишник наследил неколку предмети од својот прадедо од Првата светска војна.
Кутија полна спомени
„Тие луѓе поминале низ пекол и ги понеле предметите како доказ. Да не им значеле, ќе биле одамна фрлени. Тие си заминале, но некој мора да ја сочува нивната приказна“, објаснил Кејман.
Американските медиуми пресметале дека низ САД, секоја недела, се одржуваат околу 165.000 гаражни распродажби, но онаа на која Кејман неодамна присуствувал се покажала како единствена.
Кога колекционерот го прашал семејството што ги продавало работите дали имаат нешто воено, му рекле да дојде подоцна. Од поткровјето изнеле кутија со предмети што му припаѓале на маринец од Првата светска војна – Џорџ Лабер. Семејството се согласило Кејман да ги откупи предметите под услов приказната на Лабер да биде раскажана во јавноста, пренесува „Newsweek“.

Двапати одликуван
Лабер е роден во 1896 година на мала фарма во Кентаки, како едно од деветте деца. Во маринците се пријавил во 1917 година и бил распореден во единица митралесци. За време на Големата војна бил ранет двапати – првиот пат во јули 1918 година за време на битката на Марна во Франција, а вториот пат во октомври истата година во борбите кај Блант Монт. Двапати го добил одликувањето „Пурпурно срце“ поради покажаната храброст.

Напад на Перл Харбор
По враќањето дома, во 1920 година, Лабер се оженил со Џулија и се вработил како цивилен работник во американската морнарица. Судбината сакала неколку години подоцна да се најде на Хаваите – поточно во базата Перл Харбор на 7 декември 1941 година, кога Јапонците го извршиле нападот.
Неговата храброст за време на нападот му донела пофалба од морнарицата. Лабер ја напуштил службата во 1943 година и ѝ се посветил на семејството, а починал во 1980 година.
„Потсетник на храброста“
Кејман вели дека предметите на Лабер се исклучително ретки и скапоцени. „Тоа не е обична униформа од Првата светска војна. Маринците кои тогаш биле во борба испишале историја и поставиле традиции кои траат и денес“, објаснил тој.
Тој планира униформата и другите предмети трајно да ги задржи во личната колекција, но и да ги изложува на јавни настани посветени на ветераните од неговиот крај. „Оваквите предмети не се само дел од историјата, туку и потсетник на храброста, жртвата и наследството кое не смее да биде заборавено“, заклучува Кејман.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







