Навреди и сериозни закани ја одбележаа јавната пресметка меѓу новинарот Драган Павловиќ – Латас и струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.
Конфликтот започна откако новинарот во јавно излагање во еден поткаст изнесе тешки обвинувања. Тој рече дека Костадинов е толку богат, што успеал да го врати сиот имот што татко му го изгубил на коцка.
Костадинов: „Цела фамилија те чекаме, за суд што ние го држиме“
По ова, градоначалникот Костадинов се огласи на социјалните мрежи. Тој напиша дека татко му е починат. И дека кај нив, кога некој ќе ја чепне честа на мртов човек, правдата не се моли, туку се зема.
„И кога ќе ми се роди внук, ќе знаеш дека некој Костадинов некаде знае кој си,“ се вели во заканата. „И кога ќе шеташ по улица, ќе гледаш преку рамо – бидејќи не знаеш од каде ќе ти дојде наплатата.“
„Цела фамилија Костадинови те чека. Не за тужба. Не за медиумски циркус. Туку за суд што ние го држиме. Според наши закони. Наши правила,“ стои во објавата.
ВМРО-ДПМНЕ: „Ова е повик за убиство и линч, институциите да реагираат“
По статусот на Костадинов, се огласија и од ВМРО-ДПМНЕ. „Најостро го осудуваме повикот за убиство и линч врз новинар. Институциите мора да реагираат,“ велат од партијата. Тие го споредија однесувањето на Костадинов со она на Зоран Заев.
„Едниот живи луѓе јадеше, овој сега се заканува на новинари. Матрицата на СДС е таа и нема менување,“ стои во реакцијата. „Позади ваквата нарачка за линч на новинар седат директно Венко Филипче и Зоран Заев.“ Тие го повикаа МВР да реагира и да го повика на распит градоначалникот.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден