
Од вчера започна новата авиолинија Скопје-Мадрид, која за прв пат го поврзува македонскиот главен град со шпанскиот главен град и со срцето на Шпанија.
„Особено ми е драго што од денеска, 28 октомври 2025 година, Мадрид, една од најпосакуваните дестинации на нашите патници, сега е реалност и што тие ќе можат да уживаат во градот на уметноста, музиката, животот, плоштадите и терасите. Дом на познатиот музеј Прадо, Кралската палата, стадионот Сантијаго Бернабеу… Со оваа авиолинија, Скопјe и Мадрид стануваат поблиски од кога било, а Македонија и Шпанија ги зајакнуваат дипломатските и економските врски,“ изјави генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт.
Повеќе од само Мадрид – 49 дестинации оваа зима
Оваа авиолинија, како и четирите други нови линии што започнаа да сообраќаат деновиве, се доказ дека поврзаноста на Македонија со Европа се зголемува. Со зимскиот ред на летови, кој стапи на сила минатиот викенд, Меѓународниот Аеродром Скопјe сега е поврзан со вкупно 49 редовни дестинации во текот на целата година и 13 чартер летови.
На означувањето на стартот на новата авиолинија присуствуваа и потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, како и амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Соријано Ортиз.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







