Во Македонија започнува нова ера за безбедноста на патиштата – пијаните возачи, оние под дејство на дроги и „кралевите“ на екстремната брзина наскоро ќе останат без автомобилите засекогаш.
Според новите измени на Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, возилата на најнеодговорните учесници во сообраќајот ќе се конфискуваат и ќе се донираат на институции кои ќе ги користат за доброто на сите граѓани.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, истакна дека нема зголемување на паричните казни, но санкциите ќе бидат далеку построги. Покрај трајната конфискација на возилото, секое безобѕирно управување ќе носи задолжителна затворска или условна казна.
„На човек без возачка дозвола, под дејство на дроги или алкохол, не смее да му се дозволи да биде дел од сообраќајот“, рече Тошковски, додавајќи дека одземените автомобили ќе се стават во служба на заедницата.
Со оваа мерка, Македонија испраќа јасна порака – патиштата се за живот, а не за безумие.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден -
Книгосаурус
699 ден
559.20 ден