Масовно пукање во Мисисипи: Најмалку 4 загинати, уште четворица во критична состојба по пукотница на училишна прослава
Уште една масовна пукотница ги потресе Соединетите Американски Држави. Најмалку четири лица се убиени, а 12 се повредени во пукање што се случило во саботата околу полноќ во малиот град Лиланд, во сојузната држава Мисисипи. Трагедијата се случила среде прослава по повод враќањето на поранешните ученици во локалното средно училиште, претворајќи го празничниот настан во сцена на хорор.
Според градоначалникот на Лиланд, Џон Ли, пукањето се случило на главната улица, каде што голем број луѓе биле собрани по фудбалскиот натпревар на средното училиште Лиланд. Од 12-те повредени, четворица се во критична состојба и итно биле пренесени со хеликоптер во околните болници.
Полицијата соопшти дека сè уште нема уапсени, но дека интензивно трага по осомничениот. Властите објавија потерница по 18-годишниот Тејлор Џерод Гудлоу, предупредувајќи дека тој треба да се смета за вооружен и опасен.
„Ги повикуваме граѓаните веднаш да пријават доколку го видат“, апелираа од полицијата.
Повеќе од само напад – трагедија што го потресе малиот град
Овој брутален чин на насилство го зави во црно малиот град Лиланд, кој според последниот попис има само околу 4.000 жители. Прославата, која требало да биде радосен собир на заедницата, се претворила во трагедија што ќе остави длабоки лузни.
Овој инцидент е уште еден мрачен потсетник за епидемијата на вооружено насилство што продолжува да ги потресува САД. Уште еднаш, настан кој требало да биде исполнет со смеа и радост, станал место на бесмислена загуба на човечки животи. Додека истрагата е во тек, заедницата на Лиланд тагува, а остатокот од земјата се соочува со веќе познатото прашање: до кога?
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден