во ,

„Мелиса“ стана најсилната бура на планетата годинава, веќе има и жртви

Ураганот Мелиса, кој за само неколку дена премина во категорија 5, стана најмоќната бура во светот во 2025 година.

Со постојани ветрови до 175 милји на час (околу 280 км/ч) и уште посилни удари, Мелиса веќе ги пустоши Карибите, јавува CNN. Надворешните појаси на ураганот веќе ја погодија Јамајка, каде се издадени наредби за задолжителна евакуација во најранливите крајбрежни области. Според локалните власти, тројца луѓе веќе загинале во Хаити, а една жртва е потврдена во Доминиканската Република, уште пред невремето да пристигне на Јамајка.

Викенд Намаление

Националниот центар за урагани предупредува на до 1 метар дожд, бранови високи до 4 метри и ветрови што ќе предизвикаат „сериозни оштетувања на инфраструктурата“.

Затворени аеродроми и парализирана инфраструктура

Двата меѓународни аеродроми во Јамајка – во Кингстон и Монтего Беј – се целосно затворени. Метеоролозите предупредуваат дека планините Блу Маунтинс би можеле да добијат и до 1 метар дожд, што е 20% од годишните врнежи во земјата, сконцентрирани во само неколку дена. Ова се заканува да предизвика катастрофални свлечишта и поплави.

Повеќе од само бура – меѓу 10-те најсилни во историјата

Обединетите нации веќе подготвуваат хуманитарна мисија. По Јамајка, се очекува Мелиса да го погоди источниот дел на Куба. Иако САД најверојатно ќе бидат поштедени од директен удар, благодарение на студениот фронт кој ќе ја оттргне бурата, сепак се очекуваат опасни бранови долж источниот брег.

Со ветрови од 280 км/ч, Мелиса веќе е меѓу десетте најсилни урагани некогаш забележани во Атлантскиот Океан. Таа се споредува со легендарните бури како Вилма (2005) и Гилберт (1988) – последниот голем ураган што директно ја погоди Јамајка.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Работата ќе биде задоволство“: Илон Маск ја предвиде иднината без работни места

Не ги фрлајте старите телефони, можеби во фиоката имате 10.000 евра