
Двајца мажи и две жени измамиле, а потоа и натепале скопјанец и му зеле 200.000 денари (околу 3.200 евра). Една од жените е во бегство, соопшти Обвинителството.
Инцидентот се случил на 30 октомври во мотел во Скопје. Според пријавата, оштетениот најпрво отишол во мотелот со една од осомничените жени. По некое време, таа му предложила да повика уште една девојка за секс во тројка. Оштетениот се согласил, по што таа ја повикала втората осомничена, која исто така дошла во мотелот.
Повеќе од само понуда – заседа во дворот
Откако пристигнала втората жена, двете заедно го убедиле оштетениот да одат во друг, „поубав и поевтин“ хотел. Но, кога излегувале од собата, во темниот двор на мотелот ги пречекале двајцата осомничени мажи, кои биле во договор со жените.
Сите четворица заедно му се нафрлиле на оштетениот, удирајќи го со боксови по главата и телото додека не паднал на земја. Откако го претепале, од џебовите му ги одзеле парите, мобилниот телефон и личната карта, соопштија од Обвинителството.
Истрага за разбојништво
За случајот, Обвинителството спроведува истрага за сторено кривично дело „Разбојништво“. Јавниот обвинител доставил предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени, поради опасност од бегство и можност да го повторат делото. За една од осомничените жени, која е во бегство, притворот ќе започне откако ќе биде пронајдена и уапсена.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







