Скопската градоначалничка Данела Арсовска денеска беше физички нападната на Бит Пазар, за време на увид на дивоградба.
Инцидентот се случил спроти полициската станица во Чаир. По нападот, таа беше примена во Ургентниот центар на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“. Овој настан предизвика лавина од реакции во јавноста.
„Ќе те силувам, ќе ти го убијам целото семејство“
„Најпрво лицето ми се закануваше вербално. Не можам да изговорам со какви погрдни зборови ми се обраќаше, велеше дека ќе ме силува,“ изјави Арсовска по излегувањето од болница. „Потоа, пред очите на полицајците, тој ме нападна физички. Почна да ме удира со клоци.“
Таа обвини дека полицајците само го тргнале и застанале пред неа, но не презеле ништо друго. „Тие дозволуваа толпата да вика и да ги напаѓа луѓето од Градот, да ги удираат со столици, да ги плукаат,“ рече таа. „Тоа лице, кое направило толкава дивоградба, пред сите нас се јави на 20 луѓе на високи функции во МВР. Им кажуваше што сè ќе ми направел, им викаше дека ќе ме убие, дека ќе ги ликвидирал еден по еден членовите на моето семејство,“ додаде Арсовска.
МВР: Приведени се две лица, Арсовска примена во болница
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека се приведени две лица. „Во врска со настанот, од страна на полициски службеници обезбедени се две лица кои во моментов се во Полициска станица со кои се обавува службен разговор,“ велат од МВР.
Од ГОБ „8 Септември“ претходно изјавија дека Арсовска била примена видно вознемирена. Таа имала контузии од удирање со клоци и со тупаници. Таа била прегледана од страна на специјалисти. Арсовска рече дека на увид излегле по пријава од граѓани. И дека објектот нема одобрение за градба, краде струја и вода.
Физичкиот напад врз градоначалникот на главниот град, без разлика на политичките разлики и несогласувања, е апсолутно неприфатлив и претставува директен напад врз самата држава и врз нејзините институции. Од една страна, позитивно е што Министерството за внатрешни работи реагираше релативно брзо и приведе две лица, што покажува дека системот сепак има капацитет да одговори на вакво брутално насилство.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден -
Книгосаурус
699 ден
559.20 ден