во

Мила жено, овој месец не можам да ти испратам пари….

Отишол еден маж на печалба во странство. По еден месец пишува писмо:

„Мила жено, овој месец не можам да ти испратам пари.

Ти испраќам 100 бакнежи.

Реклама

Кире.“

Жената му одговара:

„Мил мажу, ти благодарам за 100-те бакнежи. Еве ти отчет за расходите овој месец:

1. Млекарот се сложи за два бакнежи на ден да ми носи по 1 шише млеко.

2. Електричарот дојде да го поправи шпоретот дури после седмиот бакнеж.

3. Газдата на станот доаѓа секој ден за своите 3 бакнежи.

4. Сопственикот на маркетот не дава ништо за бакнежи, мораше да дадам уште нешто…

5. Колата ми се расипа. Поправката – 15 бакнежи и уште нешто.

Не се секирај за мене, имам уште 25 бакнежи до крајот на месецот. За наредниот месец пак ли да ги планирам истите расходи?

Твојата сакана,

Маца“


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 луѓе кои создаваат убавини од парче дрво

23 Познати мажи кои стануваат уште поблескави со појавата на седа коса