Една навидум обична фотографија од излет се претвори во вирален хит, откако една млада Канаѓанка забележала „морничав детаљ“ кој на сите би им промакнал на прв поглед.
Меган Дорон (25) од Торонто уживала на фарма со семејството и партнерот, кога одлучиле да направат неколку фотографии за спомен. Сè изгледало вообичаено додека не стигнала дома.
„Веднаш ги повикав сестрите“
„Дури кога почнав да ги гледам фотографиите, сфатив! Веднаш ги повикав сестрите“, раскажала таа. На фотографијата, Меган позира насмеана со момчето, опкружена со есенски бои. Сепак, она што го привлече вниманието се наоѓа на неговата маица.
Сенката од младиот пар – поради специфичниот агол на светлината, формирала контура на „трета фигура“ со долг нос и чуден облик на лицето, која потсетува на карикатура или негативец од цртан филм.
„Мислев дека ова е слатка фотка со момчето“, напишала таа во описот на видеото што е објавено на TikTok.
Снимката стана вирална
Снимката за кратко време стана вирална, собирајќи над 7,1 милион прегледи, а коментарите на корисниците варираат од шега до чисто воодушевување, пренесува Newsweek.
„Ова е постер за филмот Wicked 2“, се пошегувала една личност, а друга се надоврзала: „Постои ли некој што можеш да го тужиш поради ова?“. Меган најпрво ја споделила фотографијата со пријателите во групен чет, но набрзо решила да ја објави на мрежата за и другите да можат да се насмеат.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден