во , ,

Мистерија во Милано: Бездомник почина од студот, во банка имал повеќе од 100 илјади евра и куќа во Калабрија

75-годишен бездомник кој починал од студ во миланската железничка станица, имал нешто повеќе од 100 илјади евра во банка, 19 илјади евра во акции и месечна пензија од 750 евра од периодот кога работел во Минхен.

Станува збор за Умберто Квинтино Дијако кој исчезнал од својот дом кога имал само 17 години и заминал да работи во Минхен, пренесува италијанскиот весник „Кориере Дела Сера“.

„Тој одлучи да исчезне засекогаш“, изјавија членовите на неговото семејство кои не знаат како Умберто успеал да заработи толку пари.

Умберто поседувал куќа во италијанскиот регион Калабрија, како и две комбиња со платено осигурување. Кога бил пронајден мртов на миланската станица Порта Гарибалди, имал само 1,2 евра во својот џеб.

Неговата сестра Кјарина за „Кориере Дела Сера“ изјавила дека „семејството сакало да го пронајде, но тој не сакал да биде пронајден“.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 Неверојатни факти за животот на Хаваи за кои можеби не сте чуле

30+ Смешни стрипчиња кои ќе ви го развеселат денот