
Приватен одмор или тајна дипломатска мисија?
Инцидентот се случил во станбена зграда лоцирана веднаш до полската амбасада во главниот град на Словенија. Портпаролот на полското МНР, Мацеј Вевиор, потврди дека вработениот престојувал таму, но нагласи дека тој официјално бил на приватен одмор. Сепак, информациите што протекоа во полските медиуми фрлаат сериозен сомнеж врз оваа верзија.
-
La Linea v12
699 ден
524.25 ден
Според извори на порталот Niezależna.pl, функционерот за време на својот „одмор“ наводно ги зел курирските листи поврзани со дипломатска пратка и ги предал. Интригата е дотолку поголема што за ваквата активност тој наводно воопшто немал службен патен налог.
„Останува нејасно дали и на кој начин неговиот престој во Љубљана бил поврзан со официјални службени должности, бидејќи Министерството одби да ги коментира овие наводи. Околностите кои довеле до падот од третиот кат се целосно непознати.“
Клучен човек за безбедноста на Полска
Она што му дава дополнителна тежина на целиот случај е високиот профил на повредениот функционер. Како раководител на Канцеларијата за дипломатска безбедност, тој е директно одговорен за координација и строг надзор на сите безбедносни активности во Министерството, како и во сите полски дипломатски мисии низ светот.
Случајно или не, полската амбасада во Љубљана во моментов ја раководи Лешек Сочевица, поранешен началник на Генералштабот на полските вооружени сили и близок соработник на актуелниот полски министер за надворешни работи, Радослав Сикорски. Истрагата за овој мистериозен случај е во тек, додека лекарите се борат за животот на функционерот.
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден







