во ,

Мите отишол на очен доктор и се пожалил…

Мите отишол на очен доктор и се пожалил:

– Докторе помагај. Имам голем проблем.

Реклама

Докторот му рекол да седне и го запрашал:

– Добро, кажи ми што те мачи?

Мите само ги подигнал рамењата и рекол:

– Па знаеш што ме мачи, не гледам добро веќе. Кога ќе седнам во кафеана не можам да видам кој поминува од другата страна на улицата.

Докторот го прегледал и го испратил да направи уште неколку испитувања. И кога ги добил резултатите му рекол на Мите:

– Мите, не е добро. Навистина ли не гледаш како порано?

Мите климнал со главата, а докторот продложил:

– Добро. Тогаш ќе треба да ја смениш прехраната, не смееш да јадеш мрсна храна, нема да јадеш солено, нема алкохол, нема слатки работи.

Мите, го погледнал, се почешал по главата и станал:

– Знаеш што докторе, ќе си одам дома и да ти кажам право, баш ми е гајле кој поминува од другата страна на улицата!


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 фотографии толку совршени што се прашуваме дали се фотошопирани

„Јас мојот живот си го изживеав“, си рекол таткото, „барем ќерка ми да прогледне“…