во ,

Мицкоски: Државата не е банкомат за моќници, туку мотор на развојот

„Денес го пуштаме во употреба експресниот пат Фариш – Дреново, инвестиција од речиси 45 милиони евра.“

Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој додаде дека овој проект е директна инвестиција во развојот, безбедноста и иднината на овој регион. Патот е од витално значење за Кавадарци, Прилеп, Битола, Ресен и цела Пелагонија.

„Парите се во асфалтот, а не во нечии џебови“

„Овие пари, како во минатото, не завршија во нечии џебови. Не исчезнаа во провизии, тендери и фиктивни договори,“ рече Мицкоски. „Тие се тука, пред вас. Во асфалтот. Во оваа делница. Во реални, опипливи дела.“

Реклама

„Дојде време кога државата не е банкомат за моќници, туку е мотор на развојот.“ „Дојде време кога проектите не се рекламираат на хартија, туку се градат на терен,“ додаде тој. Според него, парите од граѓаните се враќаат назад кај граѓаните.

„Порака дека можеме поинаку“

Премиерот истакна дека патот Фариш-Дреново не е само обичен пат, туку тој носи и силна порака. „Порака дека можеме поинаку. Порака дека ако се сака, сè се може,“ рече тој. „И доказ дека Македонија нема да биде вечно во застој, како што беше изминатите седум години.“

„Граѓаните имаат очекувања. И ние тие очекувања нема да ги изневериме,“ заклучи Мицкоски во своето обраќање.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Протести на Кожуф: „Тука ќе спиеме, ама Дошница не ја даваме!“

Вучиќ : „Нема веќе помилувања, а вака било само во времето на Хитлер“