Во оваа држава нема веќе простор за привилегии и заштита од одговорност. Законот мора да важи подеднакво за сите. Ова денеска го порача премиерот Христијан Мицкоски.
Тој зборуваше на свеченоста по повод Денот на македонската полиција – 7 Мај. Нагласи дека нема разлика дали некој е функционер или бизнисмен.
Порака до криминалците и функционерите
„Силата на државата не се мери со привилегиите на поединците“, рече Мицкоски. „Туку со тоа дали правдата стигнува до сите – и до најмоќните, и до најмаргинализираните.“
Премиерот упати силна порака. „Ние денес испраќаме силна порака: нема компромис со криминалот“, категоричен беше тој.
Сеќавање на минатото, ветување за иднината
Мицкоски потсети на состојбите од пред неколку години. „Криминалците се шетаа слободно, државата молчеше“, рече тој. „Граѓаните живееја со чувство на немоќ.“
Според него, имало време кога институциите се користеле за лични интереси. „Пораките ’ќе средиме’ и ’ќе се јавам’ беа погласни од законот. Но тоа време е завршено“, истакна премиерот Мицкоски.
На свеченоста, тој му додели и благодарница на министерот за внатрешни работи. Панче Тошковски доби признание за зачувување на редот и мирот. Исто така, и за зачувување на безбедноста на граѓаните.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден