во ,

Мицкоски од Кичево: „Градот се ослободи, почнува нова ера на обединување“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва престојуваше во Кичево, каде му ја честита победата на новоизбраниот градоначалник Александар Јовановски над досегашниот градоначалник Фатмир Дехари.

„Кога единството е посилно од поделбите, кога желбата за правда е посилна од криминалот и кога волјата за иднина е посилна од хаосот – тогаш се испишува историја. Јасно е дека се работи за Кичево“, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Нова ера на заедништво и развој

Тој им се заблагодари на кичевчани за, како што рече, „полното срце и душа“ и порача дека со новиот градоначалник Јовановски ќе следува период на реализација на бројни проекти за подобар живот и модерно Кичево.

„Вечерва ќе се радуваме едни со други и ќе си подадеме рака, а од утре ги засукуваме ракавите – не чека многу работа“, рече Мицкоски, додавајќи дека градот „денес гласал за слобода и се ослободил од човек кој се богател на грбот на граѓаните“.

Тој нагласи дека Кичево добило градоначалник кој е „родител, сопруг и доктор“, но пред сè – човек кој обединува. Мицкоски се заблагодари на сите етнички заедници кои го поддржале Јовановски и порача дека ова е „нова страница на заедништво и развој“.

„Оваа доверба е потврда за политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Со 55 градоначалници, огромно парламентарно мнозинство и довербата на народот, заокружуваме историски циклус. Ветувам чесна, трудољубива и обединета работа за сите граѓани“, истакна Мицкоски.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 3 НОЕМВРИ: Лавот е во добро расположение, некои ситуации му одат во прилог на Стрелецот

Црн ден за Мексико, повеќе од 20 луѓе изгореа во пожар во маркет