во ,

Мицкоски со ултиматум: „Нема ‘сегашна’ пред македонска нација – Бугарија е заложник на живковизмот!“

Премиерот Христијан Мицкоски зазеде цврст став.

Тој категорично одбива да прифати пред зборовите „македонска нација“ да стои зборот „сегашна“ во извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија. Овој предлог, инициран од пратеници од ГЕРБ, премиерот го смета за обид за создавање нова, вештачка македонска нација.

Купи Маица

Одбивање на вештачка нација: „Нема врска ниту со европски, ниту со какви било вредности“

„Јас имав интензивни разговори со неколку влијателни луѓе и во Европскиот парламент и во Брисел и денеска ќе продолжам да кажам дека доколку тоа се случи, само уште еднаш ќе се потврди она за кое ние зборуваме цело време а тоа е дека не станува збор за неколку стотини наши сограѓани кои за себе велат дека се дел од бугарската заедница во Македонија туку станува збор за обид за создавање на нова вештачка сегашна македонска нација која што почива на корените на бугарската нација.

Тоа е суштината“, рече премиерот Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на 80-годишниот јубилеј на Државниот завод за статистика. Тој нагласи дека тоа нема да го прифати и ќе го отфрли, бидејќи нема никаква врска со европските или какви било вредности. За ВМРО-ДПМНЕ ваквото барање воопшто не е изненадување.

Тие сметаат дека Бујар Османи и Димитар Ковачевски прифатиле сѐ што им било сервирано на маса во францускиот предлог. Со тоа оставиле можност за сегашните барања на Бугарите.

„Официјална Софија остана слеп заложник на живковизмот“: Повикот за исправање на историската неправда

Премиерот Мицкоски сега вели дека Европа е на потег да даде одговори и да ја исправи историската неправда што лековерно ја прифатиле Османи и Ковачевски. „Вистината е таа дека официјална Софија никогаш не се препакува и остана во суштина да биде слеп заложник на политиките на живковизмот.

Тоа е суштината, создавање на нова сегашна македонска нација која што почива на основите на бугарската нација. Тоа е суштината зад сето ова“, рече Мицкоски. Тој смета дека прашањето за „неколку стотини наши граѓани во преамбулата“ е само „пред завесата“, додека вистинската суштина е зад неа. „Секој оној кој не верува во ова или е политичка аналфабета или свесно сака да ги манипулира граѓаните“, заклучи премиерот.

Во нацрт-верзијата на извештајот на Европскиот парламент за напредокот на земјава првпат се споменува посебен македонски идентитет и посебен македонски јазик. Извештајот ќе се гласа в среда, на 4 јуни.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Украина нападна руски бомбардери со нуклеарни бомби на 4.300 километри од фронтот!

Арсовска со жесток одговор: „Од денес ќе ги објавувам документите за сѐ што се правело во Чаир!“