Утре, сабота (03.05.2025), во 12:00 часот, премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на свеченото поставување на камен-темелник за изградба на автопатот Тетово – Гостивар.
Проектот опфаќа изградба на нов автопат во должина од 18 километри и вклучува вкупно 9 натпатници, од кои:
- 8 натпатници ќе овозможат поврзување на локалните патишта со новопроектираниот паралелен пат,
- 1 натпатник е планиран за новата клучка која ќе ги поврзува општините Боговиње и Врапчиште.
Во делот кај излезот од Тетово ќе се користи постоечкиот натпатник кој ќе биде реконструиран.
Вкупната вредност на проектот се проценува на 90 милиони евра. Овој инфраструктурен проект е дел од поширокиот план за подобрување на патната мрежа и регионална поврзаност во земјата.
Премиерот Мицкоски е најавено дека ќе има свое обраќање на настанот, на кој се очекуваат и претставници од Министерството за транспорт и врски, како и локалните власти.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден