во ,

Морничава глетка во пустината, 315 купишта човечка пепел најдени во Невада

Во суво, оддалечено подрачје, во близина на градот Срчлајт, пронајдени се повеќе од 300 уредно наредени купишта пепел.

На прв поглед, никој не знаел што се, објавува The Sun. Сцената изгледала морничаво – мали сиво-бели купишта наредени на песок, без знаци на пожар или експлозија. Полицијата го опколи подрачјето и започна истрага, додека експертите се обидуваа да го утврдат потеклото на мистериозниот пепел.

Шокантно откритие: 315 купишта човечка пепел

По детална анализа, беше направено шокантно откритие. Станува збор за човечка пепел што некој ја оставил среде пустина. На некои места биле пронајдени и фрагменти од скршени урни.

Локалните медиуми објавија дека се изброени дури 315 купишта кремирани останки, кои завршиле во пустината на непознат начин.

Повеќе од само мистерија – трага до погребален дом?

Истражителите веруваат дека станува збор за нелегално масовно фрлање пепел, веројатно од неименувана, неодамна затворена погребална агенција. Законот во Невада дозволува расфрлање на пепелта на приватен имот (со дозвола), но забранува масовно фрлање на човечки останки на овој начин. Иако идентитетот на починатите не е познат, се верува дека живееле во јужна Невада.

„Да им се даде достоинството што го заслужуваат“

На местото на настанот беше испратен тим од истражувачи, каде што ја собраа и обезбедија пепелта. Тие планираат да ја погребаат во заедничка крипта на локалните гробишта за да можат семејствата да им оддадат почит.

„Важно е овие луѓе да не бидат заборавени. Сакаме да им го дадеме достоинственото место и почитта што ја заслужуваат“, рекоа официјалните лица.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Бизнис“ за Задушница: Лажен поп уапсен среде гробишта во Ѓорче Петров