во ,

Морничаво суштество со заби што се превртуваат, откриено во големиот кањон

Научниците открија остатоци од необично, древно суштество во карпите на Големиот Кањон, кои би можеле да го променат досегашното разбирање за потеклото на животот на Земјата.

Истражувачите од Универзитетот во Кембриџ пронашле стотици микроскопски остатоци од таканаречениот „црв-пенис“, закопани длабоко во карпи стари 500 милиони години, што укажува на тоа дека оваа област некогаш пружала идеални услови за „брза еволуција на животот“.

Викенд Намаление

Можел да ја „преврти устата“

Фосилизираниот организам имал заби прекриени со влакненца, а можел да ја „преврти устата“ за да го фати пленот. Ова откритие го доведува во прашање долгогодишното верување дека раниот сложен живот се развивал само во екстремни средини со малку кислород.

Наспроти тоа, пронајдените фосили потекнуваат од мирна, со кислород богата средина, во која остатоците обично брзо гнијат и ретко се фосилизираат. Научниците навеле дека оваа локација претставувала „златна средина“ – ниту премногу екстремна, ниту премногу плодна – туку токму поволна за раст, еволуција и зачувување на трагите од раниот живот.

„Ова било најдоброто тло на планетата во тоа време. Сте имале доволно храна, доволно светлина и совршена длабочина. Таму еволуцијата навистина почнала да добива замав“, изјавил водечкиот автор на студијата, Џовани Мусини.

Повеќе од само фосил – доказ за „трка во вооружување“

Откритието ја поддржува теоријата за еволутивна ескалација – идејата дека видовите се развиваат не само како одговор на околината, туку и за да стекнат предност во однос на конкурентските организми.

Истражувачите претпоставуваат дека пронајдените фосили потекнуваат од периодот кога на Земјата почнале да се појавуваат најважните животински групи, отприлика во времето на камбриската експлозија. Тимот идентификувал повеќе од 1.500 микроскопски и необични фосили, вклучувајќи ракчиња со органи за филтрирање храна и мекотели со еден куп заби.

Сепак, повеќето припаѓале на видот „црв-пенис“ (Kraytdraco spectatus), кои биле долги меѓу четири и десет сантиметри, и веројатно биле доминантни организми во својот екосистем. За разлика од грабливците, овој црв најверојатно се хранел со остатоци и ја филтрирал храната од седиментот.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крадците од Лувр им направија бесплатна реклама, а тие тоа го искористија

Научниците од Рослин создадоа „супер-свиња“ отпорна на смртоносна чума