во ,

Наследниците ќе добијат „само“ 550 милиони, 10 милијарди одат за паркови и уметност

Милијардерите од Хјустон, Ненси и Рич Киндер, најавија дека ќе донираат дури 95% од своето богатство, вредно повеќе од 10 милијарди долари, во хуманитарни цели – со посебен фокус на градските паркови, уметноста, образованието и други локални проекти.

Во разговор за медиумите, по церемонијата на поставување камен-темелник за проширување на историскиот парк „Emancipation“, брачниот пар истакна дека нивната цел е „да го остават светот подобро место отколку што го затекле“, пренесува Yahoo.

Киндер отидоа чекор понатаму

„Имавме многу среќа во животот. Секое богатство што ќе го стекнете е резултат на помош и соработка од многу луѓе. Затоа уште одамна одлучивме дека е исправно да ѝ вратиме на заедницата и да го споделиме она што го имаме“, рече Рич Киндер.

Ненси и Рич Киндер беа меѓу првите потписници на иницијативата „The Giving Pledge“ (Заветот за дарување), која во 2010 година ја покренаа Бил Гејтс, Мелинда Френч Гејтс и Ворен Бафет. Оваа програма ги повикува најбогатите луѓе во светот јавно да се обврзат дека ќе подарат најмалку половина од своето богатство во хуманитарни цели.

Киндер отидоа чекор понатаму – одлучија да подарат дури 95% од својот имот, и тоа главно преку Фондацијата Киндер, основана набрзо по нивната венчавка во 1997 година.

Останатите 550 милиони долари ќе бидат наменети за нивните потомци, за кои се надеваат дека ќе продолжат по истите стапки во хуманитарното дејствување, пренесува Fortune.

Инспирација за помладите генерации

Според податоците на магазинот Форбс, Рич и Ненси Киндер се најбогатите луѓе во Хјустон, со нето вредност од 11,2 милијарди долари. Тие се познати по вложувањето во градските зелени површини и унапредувањето на квалитетот на животот во родниот град.

„Првото нешто што градските буџети го жртвуваат се парковите и зелените простори. Затоа одлучивме токму на тоа да се фокусираме“, рече Рич Киндер.

Неговата сопруга Ненси додаде дека се надева оти нивното наследство ќе ги инспирира помладите генерации. „Сакам нашите внуци да бидат горди на нас – и мислам дека веќе се. Исто така, сакам да знаат дека истото го очекуваме и од нив кога ќе пораснат“, рече таа.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Русите направија „вечна“ пластика од растенија што сама се распаѓа

Го „уби“ сметката за струја: Kако Босанец „падна“ со 1.200 билки во Словенија