
Авторите на апликацијата за следење на поминатите чекори (WeWard) создадоа, со помош на ChatGPT и податоци од Светската здравствена организација (СЗО), дигитален приказ на човекот од блиската иднина, поточно од 2050-тите.
Резултатот е, најблаго речено, застрашувачки, па не чуди што веднаш го добил прекарот – „Сем, гоблинот од каучот“.
Проблемот започнува кај тинејџерите
Објавениот приказ е направен како медицинска проекција која покажува како физичката неактивност влијае на изгледот и здравјето. Според податоците на СЗО, дури 80% од тинејџерите не го исполнуваат минималното ниво на физичка активност, пренесува New York Post. „Во денешната култура на удобност, сè – од нарачување храна до работа и дружење – го извршуваме од фотелја“, наведуваат од компанијата WeWard.
„Ако барате нешто страшно…“
Со часовите поминати во „скролање“ на социјалните мрежи, просечниот човек седи повеќе од кога било. Здравствените последици можат да бидат сериозни, а доколку статистиката не ве загрижува – изгледот на Сем сигурно ќе го стори тоа.
„Ако барате нешто страшно, погледнете како би можеле да изгледаме ако продолжиме да ја избираме удобноста наместо движењето“, порачуваат авторите.
Сем има вишок килограми, лошо држење и врат свиткан нанапред – од долготрајното гледање во екран (експертите предупредуваат дека оваа поза може да предизвика болки во вратот и рамената, како и оштетувања на мускулите).


Сериозни последици
Покрај тоа, светлината од екраните го забрзува стареењето на кожата, предизвикува темни флеки и ја забрзува појавата на брчки. Премногу време пред екран предизвикува и „суви очи“, главоболки и заматен вид.
Поради послабата циркулација, на Сем му отекуваат стапалата, а ризикот од проширени вени и тромбоза расте. Долготрајното седење може да предизвика вкочанетост на зглобовите и опаѓање на косата.
За оние на кои изгледот на Сем не им е доволно алармантен, WeWard ги повикува да ги вметнат своите фотографии во ChatGPT и да откријат „како би можеле да изгледаат ако не се придвижат“.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







