
Научниците од Институтот Рослин во Единбург создадоа генетски модифицирани свињи отпорни на смртоносен вирус.
Овие животни останале здрави и по изложувањето на класичната свинска чума, многу заразна болест која ја погодува оваа врста и претставува голема закана за свињарството ширум светот, пишува британски „Гардијан“.
„Класичната свинска чума е разорна болест за стоката и фармерите… Се надеваме дека ова откритие може да помогне во зајакнувањето на отпорноста на сточарскиот сектор на оваа болест“, изјави Хелен Крук, заменик-водач на тимот за вирологија на цицачи во Агенцијата за здравје на животните и растенијата (APHA).
Класичната свинска чума, позната и како свинска колера, предизвикува треска, оштетувања на кожата, конвулзии и најчесто смрт во рок од 15 дена. Во земјите каде што болеста е ендемична, таа се контролира со скапи програми за вакцинација.
Како функционира генетската модификација?
Најновата студија, прва што покажала отпорност преку генетска модификација, целела на генот одговорен за производство на протеин наречен DNAJC14. Се покажало дека овој протеин игра клучна улога во репликацијата на вирусот кога тој ќе влезе во клетката. Претходните студии откриле дека промената на само неколку „букви“ од ДНК-кодот ја блокира виралната репликација.
Во најновата студија, научниците од Институтот Рослин создале линија на свињи со истите прецизни измени во нивната ДНК. Четири генетски модифицирани свињи потоа биле изложени на вирусот, заедно со четири контролни свињи.
Една недела подоцна, контролните животни покажувале симптоми на болеста и имале високи нивоа на вирусот во крвта. Спротивно на тоа, генетски модифицираните свињи биле целосно здрави и не покажувале знаци на инфекција. Неколку генерации на овие свињи биле следени и не биле забележани никакви несакани ефекти врз нивното здравје или плодност.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







