
Бајадерата е десерт кој освојува со богатиот чоколаден вкус и сочната текстура, а овој домашен рецепт носи совршен баланс кој можете лесно да го подготвите дома.
Овој колач не бара професионални вештини, а резултатот е десерт што се топи во уста. Еве како да ја направите највкусната домашна бајадера.
Состојки:
- 250 мл вода
- 600 г шеќер
- 200 г путер
- 200 г мелени кикиритки (може и ореви или лешници за класичен вкус)
- 250 г мелени бисквити
- 100 г млечно чоколадо (за во смесата)
Супер Попуст -25%
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
За глазура:
- 1 лажица путер
- 100 г млечно чоколадо
- 3 лажици млеко
- 3 лажици масло
Подготовка:
- Во тенџере ставете ги водата и шеќерот и оставете да зовријат. Штом зоврие, тргнете го тенџерето од рингла.
- Во врелиот сируп додадете ги кикиритките, бисквитите и путерот. Мешајте енергично додека сè не се соедини во хомогена смеса.
- Добиената смеса поделете ја на два еднакви дела во два сада. Во едниот дел додадете го стопеното млечно чоколадо (ова ќе биде темниот дел), а другиот оставете го каков што е (светол дел).
- На соодветна тацна или калап, прво распоредете го и израмнете го темниот дел. Врз него, внимателно нанесете го и израмнете го светлиот дел. Ставете го колачот во фрижидер да се stegne.
- За глазурата: На пареа стопете го чоколадото со путерот, млекото и маслото, мешајќи додека не се добие мазна смеса.
- Прелијте го оладениот колач со глазурата и вратете го во фрижидер (најдобро преку ноќ). Исечете на штангли и послужете.


