во ,

На овој остров смеат да стапнат само научници, а причината е смртоносна

Островот на змиите (Ilha de Queimada Grande) е оддалечен 32 километри од брегот на Сао Паоло.

Се простира на површина од 430.000 квадратни метри и речиси да нема посетители – ако ги исклучиме научниците кои секоја година добиваат посебно одобрение за проучување на најбројните жители на ова место. Повремено го посетува и бразилската морнарица, која го одржува светилникот изграден во 1909 година, но и таа брзо се повлекува.

Викенд Намаление

Развој во изолација

Самото име, Ilha de Queimada Grande, значи „остров на палењето“, бидејќи во минатото имало обиди таму да се развие плантажа со банани. Сепак, идејата не е реализирана, а денес островот е најпознат по змиите, поточно по видот златна ѕвечарка (Bothrops insularis) која се развивала во изолација уште од моментот кога бил одвоен од копното поради порастот на нивото на морето, пред околу 11.000 години.

Златната ѕвечарка се развивала независно од своите предци, што резултирало со специфични адаптации, вклучувајќи исклучително силен отров кој делува речиси веднаш, и специјализирана исхрана со птици преселници.

Приказната за несреќниот рибар

Каснувањето од златната ѕвечарка носи околу седум проценти ризик од смртен исход кај луѓето. Пред островот да биде официјално забранет за посети, забележани се бројни приказни за посетители кои настрадале од смртоносните каснувања.

Една од најпознатите, зборува за рибар на кого му се расипал моторот на чамецот. Во потрага по решение, тој пристигнал на островот и тргнал кон внатрешноста, несвесен за опасностите што го чекале. Кога чамецот бил пронајден, рибарот лежел мртов – во локва крв и прекриен со каснувања од змии, пренесува „Дневно“.

Критично загрозена врста

Во последните петнаесет години популацијата на змии на островот се намалила за околу 15 отсто, делумно поради уништување на вегетацијата и болести, па сега има меѓу 2.000 и 4.000 единки. Затоа овој вид се води како „критично загрозен“ на Црвената листа на Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN).

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сакал да ја исчисти куќата на мајка си, па во орманот пронашол мумија стара 20 години

„Треба веднаш да се запали“: Ја отвори кутијата на пандора среде шума