во , ,

На 95-годишна возраст почина Цане Андреевски – „Поетот на добрината“

Во 95-тата година од животот денеска во Скопје почина писателот Цане Андреевски.

Тој е роден во 1930 година во Кратово. Таму завршил основно училиште, а во Скопје завршил Учителска школа и Филозофски факултет. Најголемиот дел од својот работен век го поминал во Радио Скопје, каде долги години бил уредник на Културната редакција.

Богата кариера во новинарството и литературата

Тој беше прозаист и поет од постарата генерација македонски автори. Со својата поезија ќе остане запаметен како „поетот на добрината“. Од неговото творештво за деца ќе останат запаметени збирките поезија „Сончева порака“, „Што има ново“ и други. Исто така, и расказите за деца „Јаготки“.

Реклама

Од поезијата за возрасни, познати се збирките „Добрина“, „Свечености“ и „Сребрен поток“. Во 2007 година, тој стана еден од првите македонски поети кој се испроба и во хаику-поезијата. Особено значаен се смета неговиот придонес преку биографските разговори со Блаже Конески и Илија Милчин.

Бројни награди и последна почит

Цане Андреевски е добитник на повеќе престижни награди. Меѓу нив се наградата „Кочо Рацин“, наградата на РТВ Скопје на Струшките вечери на поезијата, како и наградата „Книжевен жезол“ во 2016 година.

Последната почит на Цане Андреевски ќе му биде оддадена во понеделник. Комеморацијата ќе се одржи на 7 јули, во капелата на градските гробишта Бутел, од 10 до 10:30 часот.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Драма во Приштина: Анонимна дојава за поставена бомба го прекина формирањето на новата власт

Внатрешната контрола на МВР со брза реакција: Што точно се случило денеска на улицата „Борка Урот“ во Прилеп?