Замислете да добиете шанса да живеете бесплатно две недели во германски град, само за да видите дали ви одговара!
Ова не е бајка, туку реална понуда од Ајзенхитенштат, град сместен на германско-полската граница, на околу 100 километри од Берлин.
Локалната самоуправа најави иновативен проект „Направи планови сега“, кој нуди 14-дневен пробен престој со бесплатно сместување во наместен стан.
Повик за имиграција: Ајзенхитенштат сака да го зголеми населението
Ајзенхитенштат, град во источна Германија, нуди две недели бесплатно сместување за да ја поттикне имиграцијата и да го зголеми своето население. „Проектот е наменет за сите кои се заинтересирани да се преселат во Ајзенхитенштат – како што се работници кои патуваат на работа секој ден, оние кои сакаат да се вратат во градот, квалификувани работници или самовработени лица кои бараат промена на животната средина“, беше наведено во соопштението.
Апликациите се отворени до почетокот на јули. Избраните учесници ќе можат да живеат бесплатно во наместен стан во периодот од 6 до 20 септември. „Тие ќе имаат можност да се запознаат со животот, работата и заедницата во Ајзенхитенштат преку 14-дневен пробен престој – бесплатен и во самиот центар на градот“, се вели во соопштението. За да им се помогне на учесниците да го почувствуваат градот, локалната самоуправа ќе организира низа активности, вклучувајќи градска тура, посети на фабрики и разни екскурзии.
Од Сталинштат до модерен град со намалено население: Причина за необичната понуда
Сместен на бреговите на реката Одра, градот е изграден од социјалистички планери околу огромна железарница. Некогаш познат како Сталинштат, по поранешниот советски лидер Јосиф Сталин, градот е преименуван по обединувањето на Источна и Западна Германија во 1989 година. Како и многу градови во поранешна Источна Германија, населението на Ајзенхитенштат се намалило по повторното обединување – од повеќе од 50.000 во својот врв, на околу 24.000 денес, изјави локалната службеничка Јулија Басан.
Целта на програмата е да привлече повеќе постојани жители, особено квалификувани работници, рече Басан. Денес, Ајзенхитенштат е дом на најголемата интегрирана железарница во источна Германија, во која се вработени 2.500 луѓе, како и центар за преработка на метал. Многу згради од социјалистичката ера се заштитени како културни споменици, а отвореноста на урбанистичкиот план на градот остава силен впечаток, привлекувајќи посетители заинтересирани за архитектура.
Еден неодамнешен доселеник рече дека архитектурата била причината за неговата одлука да се пресели во градот. „Тоа беше целосна случајност“, рече човекот во видео објавено на Инстаграм профилот на градската администрација. „Патувавме со пријатели до Рацдорф и поминавме низ Карл-Марк-Штрахе. И ги видов тие куќи, таа архитектура што целосно ме воодушеви, и ѝ реков на сопругата: „Ќе се преселам тука“, рече тој.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден