Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна сподели интересна семејна приказна. Таа го поврзува неговото најблиско семејство со славниот научник Никола Тесла. Трамп зборуваше за тоа како Тесла бил неверојатен човек.
Приказната започнува во септември 1936 година. Репортер на „Асошиејтед Прес“ присуствувал на откривање нова машина со Х-зраци. Презентацијата ја водел човек кој подоцна добил важна задача. ФБИ му доверило да ги прегледа сите списи на Тесла по неговата смрт.
Тој човек бил Џон Г. Трамп – вујко на Доналд Трамп. Џон Трамп бил електроинженер, физичар и пронаоѓач. Конструирал високонапонски електростатички генератори. Пронашол и нови примени за нив во медицината и науката.
Во неодамнешно интервју со Глен Бек, Доналд Трамп зборуваше за ова. Бек го прашал „колку е лудо“ тоа што неговиот вујко ги проценувал документите на Тесла. Снимката од интервјуто ја објави и Илон Маск на Икс (Твитер).
— gorklon rust (@elonmusk) May 1, 2025
„Братот на татко ми беше брилијантен професор“, рече Трамп. „Во еден момент ФБИ го задолжил да ги погледне документите на Тесла… Мојот вујко направи извештај и кажа дека Тесла бил одличен, неверојатен научник“, изјави Доналд Трамп.
„Многумина на негово место би биле љубоморни, но тој не беше. Призна дека Тесла бил неверојатен“, додаде Трамп.
Кој бил Џон Трамп?
Џон Г. Трамп навистина бил брилијантен научник. Придонел за усовршување на рендгенските машини кои помагале на заболени од рак. Учествувал и во изработка на радари. Употребата на радарите придонела за победа на сојузниците во Втората светска војна.
Претседателот Роналд Реган во 1983 година му доделил Национален медал за наука. Добил и пофалби за воени заслуги од претседателот Хари Труман и кралот Џорџ Шести. Многу негови пронајдоци сè уште се користат.
ФБИ го ангажирал Џон Трамп како еден од најдобрите американски научници. Една од задачите била да открие дали Тесла го измислил „зракот на смртта“. Американците силно го посакувале тоа оружје.
За многумина, вујкото на Доналд Трамп ќе остане запаметен по нешто друго. Како првиот човек што ги прочитал илјадниците тајни списи на Тесла по неговата смрт.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден