во ,

„Немате срца, на 16-ти дајте оставки!“: Потресен говор на таткото на загинатиот тапанар на ДНК

Таткото на загинатиот тапанар на групата ДНК, Георги Георгиев, одржа говор. Тој се обрати на вчерашниот протестен марш во Кочани.

Упати остри и директни пораки до претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Пораки имаше и за премиерот Христијан Мицкоски. Исто така, и за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Купи Маица

Порака до Сиљановска: „Мајко моја, званична маќео“

Таткото директно ѝ се обрати на претседателката Сиљановска. „Ни вети дека ќе биде претседателка на сите граѓани. Дека ќе биде мајка за сите граѓани,“ рече тој. „Тоа што го вети не излезе така. Само се фати за столот и ја снема,“ додаде тој.

Тој покажа писмо што го добил од нејзиниот кабинет. Посочи дека на писмото нема никаков потпис. „Дали не ти е срам, овој збор – мајка, ги прелажа сите,“ праша тој. Потоа, револтирано го искина писмото пред присутните.

Порака до Мицкоски: „Каде беше кога се пукаше?“

Тој покажа и писмо добиено од премиерот Мицкоски. „Се нарекува патриот, маж се нарекува Мицкоски,“ рече таткото. Го обвини дека ниту неговиот потпис не бил на писмото. „Не ви е ли срам, вие имате ли деца? Нека ви се живи и здрави,“ праша тој. Тој упати и порака дека 63-те жртви ќе ги прогонуваат.

Го повика Мицкоски да дојде во Василево. „Каде беше кога се пукаше во Југославија? Каде беше кога се пукаше во Македонија? Јас бев на граница,“ изјави таткото. Потоа го искина и писмото од премиерот, додека присутните извикуваа „кукавица“.

Критики за Тошковски и ултиматум за оставки

Таткото на Георги рече дека не се плаши. Ова го изјави и покрај тоа што, како што тврди, му се закануваат. Тврди дека го следат и дека му порачуваат дека многу зборувал. „Дали не ви е грев, вие да дојдете денес тука до нас, да запалиме свеќа,“ праша тој. Тој му забележа и на министерот Тошковски. Рече дека има полицајци кои само пијат кафиња. И дека некои од нив се неспособни.

Тој порача дека поради ваквата власт, децата ќе бегаат од државата. На крајот, упати јасен и директен ултиматум. „Јас ќе ви кажам кога да си дадете оставка, а вие бирајте го месецот,“ рече тој. „Нашите деца на 16-ти загинаа. На 16-ти вие тројца да си дадете оставка. А вие изберете го месецот. Вие немате срца,“ заврши револтираниот родител.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трамп со шокантно и брутално обвинување: „Илон Маск е голем зависник од дрога“!

Потресна порака од мајката на Артан Груби: „Те гонат како во комунизмот, но ќе пропаднат!“