во ,

Несекојдневен случај во Кисела Вода: Маж пријавил дека девојката го истепала

Синоќа во скопската полиција, 29-годишен маж пријавил дека бил нападнат од неговата 26-годишна партнерка.

Нападот се случил на паркинг на подрачјето на Кисела Вода. Оваа информација денеска ја соопшти Министерството за внатрешни работи во својот редовен билтен.

„На 30.06.2025 во 21.00 часот во СВР Скопје, 29-годишен маж пријави дека на 29.06.2025 околу 17.00 часот на паркинг на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од неговата партнерка И.Т.(26),“ стои во полицискиот билтен.

Од страна на полицијата се преземаат соодветни мерки. Се работи на целосно расчистување на овој несекојдневен случај.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Порака од највисоко ниво од Брисел: Уставни измени ќе мора за ЕУ, а манастирите, погачата и пинџурот се вашиот идентитет

Оваа кукла го создаде најмладиот милијардер во Кина: Кој е Ванг Нинг, човекот што се збогати од продавање на играчки?