во ,

„Не лижете жаби!“: Бизарниот лсд-тренд од Америка пристигна во Европа

Она што започна како бизарен тренд на социјалните мрежи во Австралија и Соединетите Држави, сега, според предупредувањето на експертите, пристигна и во Европа.

Станува збор за „лижење жаби“ – практика во која луѓето намерно доаѓаат во контакт со отровниот секрет на краставите жаби за да предизвикаат халуцинации и чувство на еуфорија слично на ЛСД.

Викенд Намаление

„Природен трип“ што може да биде смртоносен

Фармакологот и токсиколог, професор Холгер Барт од Универзитетот во Улм, ја предупреди јавноста по повод претстојната Ноќ на вештерките, истакнувајќи дека станува збор за „чуден и исклучително опасен тренд“ кој рапидно се шири.

„Слузта на жабите крастачи содржи токсини кои директно влијаат на срцето“, објасни Барт. Како и некои други водоземци, краставите жаби лачат отровни супстанци кои им служат како одбрана од предатори. Во Австралија и САД, луѓето ја користат оваа слуз за да доживеат „природен трип“, внесувајќи ги токсините преку лижење, готвење, па дури и пушење на исушениот секрет.

Повеќе од само тренд – дупка во законот

Она што особено ги загрижува експертите е што трендот сега се шири и во Германија и Австрија, каде што краставите жаби легално се продаваат, бидејќи трговијата и консумацијата на овие животни не се опфатени со законот за наркотици.

Ефектите се јавуваат околу половина час по лижењето – чувство на еуфорија и живописни халуцинации. Меѓутоа, истите супстанци можат да предизвикаат и конфузија, повраќање, а во поголеми количини и опасен пораст на крвниот притисок, пореметување на срцевиот ритам, па дури и срцев удар, предупредува професорот Барт.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како двајца монаси со ист сон го изградиле манастирот што „лебди“ над црната планина

Прво мерцедес, а сега комбинезон што го „запали“ Балканот