Од денеска се пушта за сообраќај експресниот пат, делница Фариш – Дреново.
Ова е дел од експресниот пат Градско – Фариш. Инвестицијата е вредна 44,7 милиони евра. Како што истакна вицепремиерот Николоски, ова била втората најтешка делница за работа. Веднаш е по автопатот Кичево-Охрид.
„Буквално планина се помести за да се изгради овој пат“
„Навистина е големо задоволството што граѓаните од Тиквешкиот регион, Прилеп, Битола и Ресен ќе можат да го користат овој пат,“ рече Николоски. Според него, ова е најсложениот подвиг по автопатот Охрид-Кичево. „Тунелите позади нас и планината беа голем предизвик. Буквално планина се помести.“
Тој истакна дека отворањето било намерно поместено за неколку месеци. Причината била да се реши безбедносен проблем со една карпа. „Замислете, претходната Влада не помислила дека таа карпа може да се сруши,“ рече тој. Со овој пат, од Скопје до Прилеп ќе се стигнува за час и 15 минути.
Обвинувања до СДСМ: „Ние со реалност, тие со вештачка интелигенција“
Николоски потсети на изборната кампања од минатата година. Тие ветиле дека патот ќе биде завршен за една година. „Неколку дена после нас, спот извадија и од СДСМ. Тогашниот носител Венко Филипче со министерот Благој Бочварски.“
„Ние излеговме на пат кој не постоеше, а тие излегоа на завршен пат.“ „И сфативме дека тоа се првите употреби на вештачка интелигенција во Македонија на лош начин.“ „После година дена имаме реалност, а не вештачка интелигенција. Затоа ние сме таму каде што сме,“ порача Николоски.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден