
Кобна грешка на диспечерите: Аудиоснимки ја откриваат причината
Властите интензивно истражуваат како дошло до трагедијата во средата наутро на линијата Мадрид – Севилја, кога брз воз на државниот оператор „Ренфе“ со 397 патници удрил во запрена композиција на приватниот оператор „Ирио“ со 147 патници. Министерот за транспорт, Оскар Пуенте, потврди дека првиот воз застанал поради дефект на компјутерскиот систем, по што контролниот центар во Мадрид презел управување.
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Но, според министерот, центарот донел „несфатлива“ одлука. Објавените аудиоснимки од разговорите меѓу диспечерите и машиновозачите експлицитно покажуваат дека брзиот воз добил зелено светло за поминување без никакви ограничувања на брзината, директно удирајќи во расипаниот воз пред него. Од силината на ударот, неколку вагони излетале по насипот, а еден се запалил.

Солзавец и нереди во Мадрид: Граѓаните бараат оставки
Трагедијата предизвика бурна реакција и гнев кај јавноста. Околу 1.500 луѓе се собраа пред зградата на Министерството за транспорт во Мадрид барајќи оставки од премиерот Педро Санчез и министерот Пуенте. Протестот ескалираше кога дел од демонстрантите почнаа да фрлаат шишиња и сигнални факели, по што полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата.
🚨🇪🇸Chaos in Madrid, Spain, as police attack thousands of protesters demanding justice for the 68 people killed in the train disaster.
Pedro Sánchez sent police against his own people protesting outside the Transport Ministry after the horrific crash!
Like Serbian students,… pic.twitter.com/I3ePdhyAwh
— Mario ZNA (@MarioBojic) October 28, 2026
Ова е втора тешка железничка несреќа во Шпанија оваа година, по судирот кај Кордоба во јануари каде загинаа 46 лица на истата линија. Како реакција на катастрофалната инфраструктурна состојба, шпанскиот синдикат на машиновозачи „Семаф“ најави штрајк во одбрана на железничката безбедност.
„Цела Шпанија тагува. Животите се уништени, семејствата се распарчени, а болката е неизмерна. Неприфатливо е Шпанија годинава да доживее две тешки железнички несреќи“, изјави премиерот Санчез.


