во ,

Од бездомничка до манекенка: 9-годишната Махраба е новата Наталија Водијанова

Таа има само девет години и е вистинска ѕвезда. Неверојатни сини очи, златни кадрици, неодолива насмевка…

Волшебната девојка од Дагестан е, велат, мини верзија на познатата Наталија Водијанова, Пепелашката од модниот свет. Не само што неверојатно личат, туку имаат и слични животни приказни. Бидејќи, до минатата година, малата Махраба со мајка си талкала по улиците и просела за леб, а сега ѝ се насмевнува успешна кариера…

Не се познати многу детали за малата манекенка која ја нарекуваат Пепелашка на нашето време. Родена е во Узбекистан, а кога имала три години, со семејството се преселила во Дагестан. На почетокот живееле пристојно, но, откако по некое време нејзиниот татко бил депортиран, таа останала сама со мајка си. Немале доволно пари ниту за храна, па девојчето било принудено да проси по улиците. Набрзо останале и без покрив над главата.

Од улица до насловна страница

Талкале низ градот, без денар и без надеж. А потоа, преку ноќ, сè се сменило… Преубавата Махраба, која не ја симнувала насмевката од лицето и покрај претешкиот товар што го носела на своите нежни детски плеќи, ѝ паднала во очи на една туристка. Таа ѝ дала нешто пари и ја замолила мајката за дозвола на социјалните мрежи да објави неколку нејзини фотографии. Тоа мило лице го забележале и скаути од модни агенции.

Веќе по неколку недели Махраба се нашла во кампања за колекција на детска облека на еден локален бренд, а потоа понудите почнале да се редат.

Повеќе од само бајка – мајката сè уште е на улица

Девојчето повеќе не спие под мостови и на клупи. Сега е вистински модел, кој месечно заработува околу 1.600 евра, а стана и ѕвезда на социјалните мрежи. Но, мајката не се грижи за неа, што на многумина им е чудно. Кога се дознало во какви услови живее, многумина посакале да му пружат топол дом, па така Махраба сега е под старателство на извесна госпоѓа Џенет. Мајката, која сè уште живее на улица, се согласила дека тоа е моментално најдобро за нејзината ќерка.

Во сè се вклучила и социјалната служба, која внимателно го следи секој чекор на девојчето. Будно внимаваат на нејзината заработка, по која никој не смее да посегне, и инсистираат на тоа таа, пред сè, како и сите останати деца, да стекне образование. Бидејќи речиси пет години поминала на улица, таа немала можност да посетува училиште, што оставило последици, меѓу кои и нејасен говор.

Руските медиуми потсетуваат дека на сличен, бајковит начин, својот ѕвезден пат го почнала и Наталија Водијанова, која пораснала во чиста сиромаштија, а агентите ја забележале додека продавала овошје на пазар.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Искрено Костадин Костадинов: ‘СДСМ не е згасната, но мора да се ребрендира’

Како да направите супа покремаста од кадифе за само 20 минути